На Фејсбук страницата на Сојуз на синдикатите на Македонија беше споделена вестта за прераната смрт на Дарко Димовски – Претседател на ССМ.
Во продилжение ви го пренесуваме нивниот фејсбук – статус:
Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.
Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство.
Погребот ќе биде на 12 јуни 2023 година, во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел.