Почина еден од најдобрите фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал: Сите се во солзи поради смртта на голема легенда

Луиџи Рива, еден од најдобрите фудбалери во историјата на италијанскиот фудбал, почина на 79-годишна возраст, јавуваат медиумите од Апенините.

Рива е најдобриот стрелец на Италија во историјата! Фудбалска икона која остана запишана со златни букви во историјата на локалниот фудбал.

За Каљари одигра 374 натпревари и постигна неверојатни 207 гола. Со Италија го освои Европското првенство во 1968 година, а потоа и среброто на Светското првенство две години подоцна. Во дресот на Италија одигра 42 натпревари и постигна 35 голови.