Евгениј Мишин не напушти на 48 години.
Уште една тажна вест оваа недела. Легендата на светот на бодибилдингот, Евгениј Мишин, почина денес на 48-годишна возраст, а како што се наведува, се се случило ненадејно.
Веста со светот ја сподели неговиот колега, американскиот бодибилдер, Дејв Палумбо, кој истакна дека Мишин престанал да дише и дека лекарите 45 минути безуспешно се обидувале да го оживеат. Причината за смртта се уште не е позната.
– Многу ми е жал што ја споделувам веста дека професионалецот на ИФББ, Евгениј Мишин, почина на 48-годишна возраст. Тој беше еден од најлојалните луѓе со кои сум работел и ми беше чест да го наречам пријател. Ќе им недостига на семејството, оние кои го сакаа, блиските пријатели…Молитви и љубов – напиша Палумбо.
Неколку други бодибилдери излегоа на социјалните мрежи за да го изразат своето сочувство за смртта на Мишин, вклучувајќи ги Ли Прист, Денис Волф и многу негови обожаватели.
Иако не успеваше да оствари победа во професионалните настапи, секогаш успеваше да се пласира во самиот врв, а дел од Мистер Олимпија беше и во 2011 година, како и една година претходно кога го зазеде седмото место.
По завршувањето на кариерата во бодибилдинг, тој стана актер и се појави во неколку реклами. Во слободно време работел и како тренер.