ПОЧИНА ИСКУСЕН РУСКИ ГЕНЕРАЛ – Дали Владимир Путин остана без еден од најдобрите негови луѓе на фронтот !?
Поранешниот началник на Генералштабот на руските вооружени сили во Сирија, генерал-полковник Генадиј Жидко, почина во Москва на 57-годишна возраст по долго боледување, објавија денес руските државни медиуми.
Генадиј Жидко е роден на 12. септември 1965 година во градот Џангјабад (Узбекистан).
Дипломирал на Вишата тенковска командна школа во Ташкент.
Тој служел како началник на Генералштабот на руските вооружени сили во Сирија во 2016 година, а во 2018 година како командант на Источниот воен округ.
Во 2021 година Генадиј Жидко беше назначен за заменик министер за одбрана, а во 2022 година повторно беше командант на трупите на Источниот воен округ, а во еден момент во јавноста имаше и шпекулации дека токму тој ја воде инвазијата на Владимир Путин на Украина.