Почина Карел Шварцрнберг! Со денови беше во критична состојба и во вештачка кома

Поранешниот чешки министер за надворешни работи и почесен претседател на десничарската либерална партија ТОП 09 Карел Шварценберг почина на 85-годишна возраст.

Оваа вест ја објави неговиот сопартиец Мирослав Калоусек на социјалната мрежа „Икс“.

Шварценберг во последните денови беше хоспитализиран во виенска болница.

– Почина Карел Шварценберг . Беше јасно дека доаѓа крајот. Сепак, ова е голем удар за сите наа. Тој беше еден од најважните и најомилените луѓе во мојот живот. Нека почива во мир. Чешка треба да му биде вечно благодарна за сè што несебично направи за земјата – напиша Калоусек.

Порталот Echo24.cz, повикувајќи се на извор од семејството на Шварценберг, објави дека политичарот два дена бил во критична состојба и во вештачка кома.

– Почина опкружен со семејството – се наведува и на веб-страницата.

Шварценберг пред неколку дена беше префрлен во болница во Виена.

Тој беше шеф на претседателската канцеларија на Вацлав Хавел по револуцијата во 1989 година.

Подоцна беше сенатор и министер за надворешни работи, а заедно со Калоусек во 2009 година го основаа ТОП 09, чиј лидер беше до 2015 година, а потоа и почесен претседател.

Во 2013 година се кандидираше за функцијата претседател на Чешка, но беше поразен од Милош Земан во вториот круг на изборите.

Шварценберг се залагаше за проширување на ЕУ на Западен Балкан и предупреди дека регионот претставува „темпирана бомба“ доколку не биде прифатен во Унијата.

-Балканот нема да се смири додека конечно не ги направиме границите ирелевантни. Тоа е можно само во ЕУ – тоа е една од неговите многубројни изјави за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

На прашањето дали тоа значи дека прво треба да се примат земјите од Западен Балкан, пред Украина , Шварценберг одговори дека Чешка, Молдавија и Украина се само споредни држави.