Легендарната актерка и пејачка, Џејн Биркин, почина на 76-годишна возраст, јавуваат британските медиуми.
Таа денеска била пронајдена мртва во нејзиниот дом од негувателката
Тажната вест први ја објавија француските медиуми, бидејќи дивата таму живеела и работела со години.
Џејн важеше за икона на своето време, а беше позната и по турбулентниот однос со легендарната француска музичка ѕвезда – текстописецот и режисер Серж Генсбург.