Се урна цела станбена зграда: Од местото на настанот се појави грозоморна снимка, се бараат преживеани (ВИДЕО)

Полицијата и пожарникарите ги пребаруваат урнатините по можни преживеани или да ги пронајдат жртвите.

Најмалку две лица се извлечени живи од урнатините на трикатната зграда која се урна денеска во предградието на италијанскиот град Неапол, додека потрагата по можни други преживеани продолжува.

Една жена најпрво била спасена од урнатините на зграда во населбата Торе дел Греко, а набргу потоа бил пронајден уште еден преживеан, јавува италијанската новинска агенција АНСА.

Полицијата и пожарникарите ги пребаруваат урнатините по можни преживеани или жртви.

Не е познато колку луѓе имало во и околу зградата кога се урнала.