Почина легендарната актерка и пејачка Џејн Биркин (фото)

Легендарната актерка и пејачка, Џејн Биркин, почина на 76-годишна возраст, јавуваат британските медиуми.

Таа денеска била пронајдена мртва во нејзиниот дом од негувателката

Тажната вест први ја објавија француските медиуми, бидејќи дивата таму живеела и работела со години.

Џејн важеше за икона на своето време, а беше позната и по турбулентниот однос со легендарната француска музичка ѕвезда – текстописецот и режисер Серж Генсбург.