Почина легендарната пејачка! Цела Југославија ги сакаше нејзините песни – голема загуба за сите нас (фото)

На 82-годишна возраст почина југословенската пејачка на популарна музика Елвира Воќа. Засега сè уште не е позната точната причина за смртта.

Семејството и пријателите се збогуваат со легендарната пејачка преку социјалните мрежи.

На 17 години сфатила дека има дарба за пеење и веќе тогаш почнала да се натпреварува на музички натпревари. За време на нејзината долга кариера, таа доби бројни награди и признанија, меѓу кои и признанието на претседателот на Република Хрватска за нејзините достигнувања.

Во 1959 година, Елвира го освоила првото место на ревијата „Вечерњи лист“, каде што го запознала младиот пијанист Стјепан Михаљинац, кој подоцна станал нејзин сопруг.

Двајцата се венчаа во 1961 година и беа заедно педесет и три години. Стјепан почина во 2014 година.