Хорор на училиште: Го убил своето другарче за време на голем одмор – ,,Тоа момче е психопат”

Момче (13) од Аргентина е уапсено откако признало дека до смрт го претепал својот најдобар другар (14) за време на училишниот одмор, објавија локалните медиуми.

Апсењето уследи откако телото на Хоакин Сперани (14) беше пронајдено во напуштена куќа неколку дена откако неговите родители го пријавиле како исчезнат откако не се вратил од училиште на 29 јуни.

Хоакин последен пат бил виден како го напушта училиштето за време на паузата за ручек со својот другар во малиот град Лабујале, Аргентина.

На снимката од безбедносните камери се гледа како двајцата одат рамо до рамо, се смеат, а потоа влегуваат во куќата каде што подоцна било пронајдено телото на момчето.

Набргу потоа, неименуваниот осомничен заминал без Хоакин, а потоа се вратил во училиштето до крајот на денот.

-Тоа момче е психопат. Тој беше најдобар пријател на Хоакин. Заедно одеа на училиште, си одеа на роденденски забави – изјавила за медиумите мајката на жртвата, Мариела Флорес.

Додека полицијата помина два дена во потрага по Хоакин, неговиот пријател ја лажел полицијата за тоа каде би можел да биде. Три дена подоцна неговото тело било пронајдено во напуштена куќа.

Властите соопштија дека Хоакин добил најмалку 10 удари во главата, кои биле толку насилни што веројатно веднаш починал.

Неговиот најдобар пријател, го признал убиството набргу по пронаоѓањето на телото. Тој останува во малолетнички притвор, но е премногу млад за да биде кривично гонет.

Мотивот на злосторството не е познат, додека семејството на жртвата е очајно.

-Сакам да знам зошто го направи тоа, но немам одговор – изјави таткото на жртвата Мартин Сперани.

Хоакин беше погребан во понеделникот, но истражителите го ексхумираа еден ден подоцна за да ја продолжат истрагата.