Почина легендарниот италијански музичар Тото Кутуњо, познат по песната „L’italiano“

Пејачот Тото Кутуњо, најпознат по неговиот светски хит L’Italiano од 1983 година, почина денеска на 80-годишна возраст, изјави неговиот менаџер Данило Манкузо за италијанските медиуми.

Кутуњо, чие вистинско име беше Салваторе, почина во миланската болница „Сан Рафаеле“ по долго боледување, кое стана посериозно во последните месеци, рече Манкузо.

За време на својата богата кариера, Котуњо постигна бројни хитови, а во 1990 година победи и на Евровизија во Загреб.