Почина легендарниот француски фудбалер Жуст Фонтен

Легендарниот француски фудбалер Жист Фонтен почина на 90-годишна возраст, објави „Екип“.

Фонтен е рекордер по бројот на голови на едно Светско првенство, откако во 1958 година во Шведска постигна рекордни 13 гола.

Кариерата ја започна во родното Мароко во тимот на УСМ Казабланка, а потоа играше за Ница и Ремс. За француската репрезентација одигра вкупно 21 натпревар и постигна 30 гола во периодот од 1953 до 1960 година.