Курти: Нормализирање на односите само со меѓусебно признавање

Премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, денеска повтори дека односите со Белград мора да се нормализираат и дека тоа може да се постигне само со взаемно признавање.

„Мораме да ги нормализираме нашите односи и мислам дека нормализацијата на односите може да се направи со взаемно признавање како централен дел“, рече Курти на Економскиот форум во Скопје, пренесува Репортерс.

Како што тврди Курти, тоа го кажале и американскиот претседател Џозеф Бајден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и германскиот канцелар Олаф Шолц.