Почина многу влијателниот германски политичар Волфганг Шојбле, кој беше министер на Меркел

Познатиот германски политичар и еден од најистакнатите членови на ЦДУ, Волфганг Шојбле, почина на 81-годишна возраст, јавува германската новинска агенција ДПА.

Шојбле беше во владата на Ангела Меркел за време на должничката криза во еврозоната и ја обликуваше германската политика на голем број високи функции – вклучително и министер за внатрешни работи, министер за финансии и претседател на германскиот Бундестаг, пишува Телеграф.

Политичарот на ЦДУ беше пратеник во германскиот Бундестаг од 13 декември 1972 година. Шојбле, кој е роден во Фрајбург на 18 септември 1942 година, отсекогаш бил директно избиран во парламентот во неговата изборна единица Офенбург во Баден.

„Ова е единствено во историјата на германскиот парламентаризам“, рече политичарот од СПД Барбел Бас на 50-годишнината од Шојбле како пратеник минатата година.

Бас ја презеде функцијата претседател на Бундестагот од Шојбле по федералните избори во 2021 година.

Тој ја започна својата кариера во окружниот суд во Офенбург во 1978 година, политичката кариера во 1969 година, а три години подоцна беше избран во Бундестагот, освојувајќи го седиштето во областа Офенбург.

Неговата министерска кариера започна во 1984 година, кога канцеларот Хелмут Кол го назначи за министер за специјални работи.

Во 1989 година беше назначен за министер за внатрешни работи и ги водеше преговорите за повторно обединување во име на Сојузна Република Германија.