Почина озлогласениот мафијаш Винсент Асаро: Беше вклучен во еден од најголемите грабежи досега во САД

Озлогласениот мафијаш Винсент Асаро, за кој се веруваше дека е вмешан во еден од најголемите грабежи што некогаш се случиле во САД, почина на 86-годишна возраст.

Според извори, Винсент „Вини“ Асаро, член на криминалното семејство Бонано, починал во саботата.

Причината за неговата смрт е непозната, а неговото семејство вели дека ќе биде погребан во петок. Погребот ќе се одржи во католичката црква Света Елена во Квинс, Њујорк.

Се претпоставува дека Асар бил дел од злогласниот грабеж на авион на Луфтханза на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк.

Подоцна, тој момент бил екранизиран во филмот „Добри момци“.

Тој и другите осомничени беа уапсени од ФБИ во 2014 година, а Асаро беше обвинет за рекетирање.