Најнова одлука на Киев: Преместувањето на системите за противвоздушна одбрана на границата со оваа земја, не е на добро

Украина формира нови единици за противвоздушна одбрана на границата со Белорусија, кои ќе бидат зајакнати со западно оружје, напиша командантот на комбинираните сили на вооружените сили на Украина Серхиј Најев на Телеграм.

Според него, формирањето на нови единици во Северната оперативна зона се одвива ефикасно благодарение на оружјето што Киев го добива од земјите партнери.

Најев истакнува дека е „тешко да се прецени“ важноста на единиците за противвоздушна одбрана, бидејќи секојпат кога тие успешно ќе одговорат на напад, тоа значи дека се спасуваат животи.

Да потсетиме дека од почетокот на СВО, Белорусија предупредуваше дека ќе одговори на секој обид за напад на нејзина територија. Сепак, како резултат на новосоздадената ситуација, земјата изврши проверки на борбена готовност и, на нејзино барање, доби тактичко нуклеарно оружје од Русија.