Почина познатиот актер: Сите ќе го паметиме по оваа иконска улога

Актерот Марк Додсон почина на 64-годишна возраст, откако доживеа масивен срцев удар додека беше во Индијана, соопшти неговата ќерка, а пренесе Дејли мејл.

Актерот ќе остане запаметен по тоа што го позајмува својот глас на бројни ликови во научно-фантастични филмови и видео игри, меѓу другите во „Војна на ѕвездите“ и „Гремлини“, кои публиката уживаше да ги гледа и се сеќава во честите репризи.