Пол Рубенс, познат американски актер, почина на 70-годишна возраст, по битка со тешка болест.
Како што пренесуваат светските медиуми, Рубенс, кого светот го познаваше како одличен комичар, писател и продуцент, се борел со ракот.

Рубен почина вчера.
– Синоќа се простивме од Пол Рубенс, легендарниот американски актер, комичар, писател и продуцент, чиј сакан лик Пи-ви Херман воодушеви генерации деца и возрасни со својата позитивност, каприциозност и верба во важноста на добрината – се вели во соопштението на неговиот официјален Инстаграм профил.
Наводно, Пол со години се борел со тешка болест, далеку од очите на јавноста.