Здравко Чолиќ открива што прави со градниците што ги добива од обожавателките за време на настапите: “Тоа е нечија емоција, јас тоа…“

Една од најголемите ѕвезди во овој регион, Здравко Чолиќ, не го крие задоволството кога дамите се осмелуваат да му фрлат интересно парче облека (градник) на сцената.

Обично го земам градникот и го ставам кај тапанарот. Тоа се случува од време на време, тоа е убав настан. Тоа е нечија емоција, прекрасно го правам тоа“, изјавил пејачот за српскиот весник Курир.

Безвременскиот заводник кажал и што мисли за новата музика:

Прашање е колку музика има или е само минлива песна. Така било отсекогаш во светот, но треба да ги имате и двете. Секој треба да има барем 2-3 песни кои не се хитови, но се со значење“, рекол Здравко Чолиќ.