Радиша Миљковиќ Радашин, која се прослави со учеството во реалните програми „Фарма“ и „Големиот брат“, почина на 62-годишна возраст.
Оваа вест за српските медиуми ја потврдил неговиот кум. Починал во родното село Љуптен, кое се наоѓа меѓу Алексинац и Ниш.
„Му пукнал капилар во ногата, добил сепса. Почина на 62-годишна возраст. Се уште беше во брак со сопругата. Таа тешко се снајде. Беше болен неколку години, а сега се подготвуваме за погреб“, изјави за Блиц неговата снаа Виолета.
Многумина гледачи го нарекоа двојник на српскиот актер Радош Бајиќ. По учеството во реални програми, настапувал во клубови, а потоа се занимавал со земјоделство и градежништво.
„Не е лесно, фасадата паѓа во очи, а овде жени колку сакаш, но не сакам повеќе да бидам во реалити. Морам да се посветам на две години, да го правам тоа што ми е кажано, но не сум за тоа. Решив да се посветам на семејството. Неодамна го добив шестото внуче, на ред сум да се занимавам со нив“, изјавил претходно.