ФОТО | “КРВАВО НЕБО“ НАД РУСИЈА И УКРАИНА – Вознемирувачка темноцрвена светлина ги вознемири луѓето – што се случува !?

Поради дејството на сончевите блесоци (моќни експлозии во сончевата атмосфера), делови од Русија и Украина беа „поплавени“ од едно од најсилните светла на поларната светлина во темноцрвена и зелена нијанса во последните неколку години, покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи и во медиумите.

Аурора бореалис“ (поларна светлина) во текот на ноќта облеа делови од Сибир, Урал, јужна Русија и Украина во зелена, темноцрвена и виолетова боја.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека ноќното небо низ Русија има црвено-зелен сјај. Механизмот и процесот на поларната светлина се тесно поврзани со активноста на Сонцето, а споделените фотографии можете да ги погледнете ОВДЕ.

Аурора бореалис“ е особено брилијантен за време на зголемена сончева активност, како што се сончеви дамки и блесоци. Гледано од областа поблиску до половите на Земјата, поларната светлина е претежно жолто-зелена, а на пониски географски широчини е црвена.

Разликата во бојата се јавува поради различната густина на воздухот на различни висини во атмосферата.

Научното списание New Scientist во септември објави дека поларната светлина оваа година се очекува да биде посилна отколку во последните десет години поради посилната активност на Сонцето.