Почина терористот од Брисел! Белгиската полиција го застрелала во градите, починал на интензивна нега (фото/видео)

Абдесалим Л., кој синоќа во терористички напад во Брисел уби двајца шведски навивачи и рани трет, починал во болница како последица на утринската престрелка со белгиската полиција во областа Скарбек.

Тој бил застрелан во градниот кош и бил пренесен на одделението за интензивна нега.

RTBF дознава дека терористот починал во 9:30 часот.

Aнелиз Верлинден, министерка за внатрешни работи на Белгија, утринава соопшти дека напаѓачот е „неутрализиран“ во Скарбек, без да го прецизира идентитетот на застреланиот.

RTBF објави дека белгиските власти потврдиле дека „неутрализираното лице“ е Абдесалем Л.(45), кој е осомничен за нападот, а на социјалните мрежи се појавија и првите снимки од акцијата на белгиската полиција утринава.

– Тој човек моментално е на интензивна нега – изјави Руди Верворт, премиер на бриселскиот регион.

Белгискиот сојузен обвинител претходно изјави дека имаат „цврста претпоставка“ дека лицето застрелано утрово од полицијата е Абдесалем Л., по потекло од Тунис, кој е осомничен за нападот.

Полицијата на местото на претресот во Скарбек пронашла неколку парчиња оружје, а некои биле пронајдени во блискиот парк.

RTBF потсетува дека Абдесалем Л. е осомничен дека синоќа околу 19:15 часот во Брисел испукал истрели од огнено оружје, при што убил двајца Швеѓани и ранил трето лице, исто така од Шведска, а не таксистот, како што претходно беше соопштено.

Како резултат на тоа, Националниот кризен центар го подигна нивото на тревога на максималното ниво 4 во главниот град на Белгија.

Нападот се случил на маргините на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во Брисел во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.