Оваа позната пејачка му е братучедка на Бора Чорба: Пееја заедно во овој бенд, а снимија и дуетска песна (фото)

Пејачот и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, со децении владее на естрадата, а ретко кој знае дека познатата пејачка му е братучедка.

Имено, Биља Крстиќ и Бора се братучеди, а своевремено тоа го открија за медиумите. Поточно, таа зборуваше за тоа во 2004 година кога се појави на промоцијата на албумот на Чорба „Оvdе“, на кој гостуваше во воведната песна „Mobilni“.

– Да ви кажам една тајна, можеби не знаете. Јас и Бора сме братучеди. Ние сме како брат и сестра. Затоа, го сакам и по таа линија но и по линијата на пријателство – изјави тогаш Биља, потсетувајќи дека нивното пријателство датира од 1975 година. В

о тој период двајцата беа членови на легендарната акустична група „Suncokret“.

Пред „Mobilni“, Борa и Биља снимија уште еден химористичен дует „Vojno lice“.