УКРАИНА СЕПАК ЌЕ ГО ДОБИЕ ТОА ШТО ГО ПОСАКУВАШЕ !? Американските медиуми откриваат дека Џо Бајден му ветил на Володимир Зеленски дека ќе му испорача моќни ракети со долг дострел

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, планира да и даде на Украина напредни ракети со долг дострел за да му помогне на Киев во неговата контраофанзива, јавуваат американските медиуми.

Тие цитираат американски официјални лица запознаени со ова прашање дека Украина ќе добие некои ракети ATACMS со дострел од 300 километри, јавува BBC.

Ова ќе му овозможи на Киев да ги погоди руските цели длабоко зад фронтот.

Украински воен извор изјавил за BBC дека нападот во пристаништето Севастопол бил извршен со употреба на ракети Storm Shadow, испорачани од Велика Британија и Франција, што ја нагласува важноста на западното оружје за Киев.

NBC News и The Wall Street Journal цитираа неименувани американски официјални лица дека Џо Бајден му рекол на својот украински колега, Володимир Зеленски, дека ќе му достави на Киев мал број ракети со долг дострел ATACMS

Двајцата претседатели се сретнаа во четвртокот во Белата куќаСАД најавија и нов пакет воена помош за Киев во износ од 325 милиони долари.