47-годишен татко со дрвена палка претепал маж осомничен дека буртално ја силувал неговата 19-годишна ќерка

Жител на германскиот град Минхен (47 г.) минатиот четврток во минхенскиот кварт Берг ам Лаим претепал 37-годишен маж кој со дрвена палка ја силувал неговата 19-годишна ќерка, пишува Bild.

Поради тоа, државјанинот на баварската престолнина добил кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда, а полицијата привела маж кој наводно силувал 19-годишна девојка.

Девојката се дружела со 37-годишникот неколку недели. Кога една ноќ ја поминале во стан на една негова другарка, тој наводно ја силувал и тепал. Девојката следниот ден излегла од тој стан, но тој тргнал по неа и се заканил дека ќе ја избоде на улица.

Вознемирена 19-годишната девојка му се јавила на телефон на својот татко, кој живее недалеку од станот во кој се случил наводниот напад. Нејзиниот татко влегол во автомобилот и се упатил кон неа, а по пат за се ја известил полицијата.

Кога 47-годишниот и 37-годишниот се сретнале, ситуацијата ескалирала.

За време на расправијата, 47-годишникот неколку пати го удрил 37-годишниот со дрвена палка што ја носел“, соопштила полицијата.

Помладиот од двајцата во тој конфликт добил полесни повреди на раката.

Таткото на девојката која наводно била нападната добил кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда, а 37-годишниот маж е приведен поради сомнение дека ја силувал и се заканувал на споменатата 19-годишна девојка.