ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА НА ХИТ СЕРИЈАТА „НАРКОС“: Адан Канто имал само 43 години – актерот криел дека има рак на слепо црево

Актерот Адан Канто почина на 43-годишна возраст

Мексиканскиот актер Адан Канто почина на 43-годишна возраст по кратка битка со ракот на слепо црево. Актерот кој зад себе ги остави сопругата и двете деца не и откри на јавноста дека боледува од рак, објави „Варајети“.

Канто е роден во Мексико, но пораснал во Тексас и рано ја започнал својата музичка кариера. Тој напиша песни за неколку мексикански ТВ емисии и филмови и глумеше во “Сè за мајка ми” : Неговата прва ТВ улога беше во Естадо де Грасија во 2009 година. Американското актерско деби на Кант беше во криминалната трилер серија на Фокс „The Following“ со Кевин Бејкон во 2013 година.

Тој продолжи да глуми во ситкомот на ABC Mixology, криминалната драма на Нетфликс Наркос, а неговата прва голема филмска улога беше во X Men. Ја остави сопругата Стефани Ен Канто и две деца Роман Алдер и Ева Џозефин.