Почна со работа Шаховска школа за деца во Македонска Каменица

-Почна со работа Шаховската школа за деца во Македонска Каменица. Како што информираа од Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ во чии рамки се реализира оваа школа, денеска е одржан и првиот тренинг, на кој освен од Македонска Камемица, учествувале и дечиња од соседните градови.

 – Испишавме историја, бидејќи она што го замисливме е остварено. На првиот тренинг на нашата шаховска школа присуствуваа 10-тина дечиња, за наша радост, не само од Македонска Каменица, туку учествуваа и деца од Делчево. Многу забава, радост и мудри шаховски потези беа одиграни уште на првиот тренинг, истакнаа од ШК „Каменица Саса“.

Вратите на Шаховската школа во Македонска Каменица, како што додадоа, се отворени за нови членови.

– Наредниот тренинг е веќе утре, 6 април 2023 година со почеток од 16:00 часот, заради што упатуваме отворена покана до сите вљубеници на оваа игра да ни се придружат, додадоа од ШК „Каменица Саса“.

Најдобрите деца од шаховската школа оваа година ќе учествуваат на државното првенство што ќе го организира Шаховската федерација на Македонија.