Пресврт во приказната за атентатот на руски блогер: „Ние го убивме тој воен злосторник“

Руската национална републиканска армија (НРА) ја презеде одговорноста за убиството на воениот блогер и пропагандист на Кремљ, Владлен Татарски, кој загина во експлозија во неделата.

Истата организација претходно ја презеде одговорноста за убиството на Дарја Дугина, ќерката на идеологот и пропагандист Александар Дугин, која беше убиен во експлозија на автомобил на 20 август минатата година.

Како и нејзиниот татко, Дарја исто така ја поддржа агресијата против Украина и проширувањето на руската територија.

„Организиравме и спроведовме акција на 2 април против групата Z-активисти и лично против познатиот воин и воен пропагандист, воениот злосторник Максим Фомин, познат како Владлен Татарски“, објави НРА во пораката на Телеграм.

„Ние го подготвивме и го извршивме овој чин самостојно. Немаме никаква поврзаност, ниту добивме помош од странски структури, а камоли од специјални служби“, се додава во соопштението а пренесува „The New Voice of Ukraina“.

Во пораката се вели и дека нивната акција не била насочена против цивили и дека сите жртви на нападот биле поддржувачи на руската војна против Украина. Организацијата ги повика руските активисти за човекови права да и’ помогнат на Дарја Трепова, за која властите се сомневаат дека го извршила нападот.

Окружниот суд во Москва го одобри барањето на обвинителот да и” се одреди притвор на Трепова. Таа е обвинета за тероризам и трговија со експлозиви, а ќе остане во притвор до 2 јуни.

Обвинителот тврди дека токму таа му донела на Татарски статуетка која му експлодирала во рацете и повредила 40 луѓе кои се собрале на настан што тој го организирал во Москва. Инспекторите тврдат дека се работи за терористички напад кој бил организиран во Украина.