ВМРО-ДПМНЕ: Во принцип ја поддржуваме идејата за конфискација на дивоизградените објекти од страна на локалните самоуправи

 ИДЕЈАТА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ ОД СТРАНА НА ОПШТИНИТЕ Е СТАРА ИДЕЈА, МОРА ДА СЕ ПРОШИРИ СО РИГОРОЗНИ ПРОВЕРКИ НА ПОТЕКЛО НА ИМОТ

Идеите за конфискација на дивоизградените објекти од страна на локалните самоуправи е идеја и иницијатива која е стара многу години и ние во принцип истата ја поддржуваме.

Сметаме дека сите дивоградби треба да се конфискуваат и да се стават на располагање на општините на чија територија се наоѓаат, каде истите би процениле што да прават со истите и како да постапат (да ги доградат, стопанисуваат со нив или целосно отстранат).

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ смета дека иницијативата на градоначалникот на Центар, која превидува измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка, мора да биде спроведена паралелно со посериозни постапки и измени во законите за испитување на потеклото на имоти, кое ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира во првите месеци по доаѓањето на власт.

Мора да се знае кој гради, кој злоупотребува функции и поткупува службеници и политичари и со истите соодветно да се постапи. Не може функционери на СДСМ и ДУИ да кријат имоти и по неколку години на власт да станат сопственици на луксузни вили и хациенди, како што се Артан Груби, Петре Шилегов, Славјанка Петровска и Дарко Каевски и многу други.

Законот мора да биде фер и еднакво да ги третира.

Одговорност ќе има!