Почнуваат шпекулациите за тоа кој е одговорен за протекувањето на тајните документи: Познатите последни зборови на Џек Тешеира пред ФБИ да го уапси
Постојат сè повеќе докази дека протекувањето на информациите е последица на политиката на Пентагон да дава строго тајни дозволи на огромен број цивили и вработени.
Откако во јавноста протекоа стотици доверливи документи, почнаа шпекулациите за тоа кој е одговорен за овој голем пропуст.
Според весникот Гардијан, се тврди дека Џек Тешеира, одговорен за протекувањето на информациите, наводно бил млад човек кој работел во воена база и сакал да ги импресионира своите колеги во група за онлајн разговор.
„Вашингтон пост“ потоа интервјуираше тинејџер, исто така член на гореспоменатата интернет група, кој опиша кој е човекот кој ги открил податоците.
Имено, станува збор за млад човек наречен со иницијали О.Г. од нивната онлајн кореспонденција која споделуваше фотографии и видеа. Спомнатиот О.Г. работел во воена база која не е именувана во извештајот, а неговата работа вклучувала преглед на големи количини на доверливи информации, рекол тонејџерот.
Протечените документи открија голи тајни за подготовките на Украина за пролетна контраофанзива, американското шпионирање на сојузниците како Украина, Јужна Кореја и Израел и тензиите меѓу сојузниците околу вооружувањето на Киев.
Постојат сè повеќе докази дека ова е последица на политиката на Пентагон да дава строго тајни дозволи на огромен број цивили и вработени. Бројот на висококласифицирани вработени во целата американска влада е 1,25 милиони.
Според тврдењата на тинејџер кој бил член на групата, О.Г. имал лошо мислење за владата, сметајќи ја како репресивна сила.
Пост потврди дека деталите биле потврдени анонимно од другите членови на групата и дека биле прегледани вкупно 300 фотографии и доверливи документи – три пати повеќе од бројот што претходно се препоставуваше дека циркулираат.
Во последната порака до членовите на групата О.Г. им рекол да молчат и да ги избришат сите информации што би можеле да се однесуваат на него вклучувајќи ги и сите копии од доверливире документи.
– Момци, добро беше, ве сакам сите. Никогаш не сакав да биде вака. Му се молев на Бога тоа никогаш да не се случи. Само Господ може да одлучи што ќе се случува отсега – се простил Тешеира од членовите на својата група.