Овогодинешната акција за пошумување ќе опфати засадување на 1,2 милиони садници во 19 региони и 36 локалитети во државата – соопшти Министерството за земјоделство. Според нив, „Зелената транзиција“ е еден од петте клучни столбови, додека пошумувањето е една од целите за успешна реализација на зелените принципи.
„Предвидуваме 1,2 милиони садници со пошумување, во овогодинешната голема акција во 19 региони и 36 локалитети во државата. Овогодинешната акција започнува овој месец и ќе трае до март 2024 година, а опфаќа пошумување на 400 хектари со различни видови садници“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Владините власти соопштија дека во соработка со ЕУ, преку ИПА програмата, работат на важен проект за реформи во шумарскиот сектор во Македонија. Проектот е со рамка за реализација на две години, до 2025 година, вреден 1,3 милиони евра. Со овој проект, како што беше речено, ќе се реализира преку четири поткомпоненти, со кој шумарството на РСМ се доближува до европските стандарди, се предвидува формирање на Агенција за шумарство, како и преструктуирање и трансформација на Јавното претпријатие. „Шумите на Македонија“ во државно здружение.