Почнува нова ера – Манчестер Јунајтед има нов сопственик, збогум Глејзерс!?

Навивачите конечно го добија тоа што го чекаа со години. Според британските и катарските медиуми, нов сопственик на Манчестер Јунајтед е шеикот Јасим, син на поранешниот премиер на Катар Јасим бин Џабер Ал Тани. Јасно е, Јунајтед е продаден на катарските сопственици, а ние само чекаме официјална потврда. 

Се чини дека Џасим го победи британскиот милијардер Џим Ретклиф во битката за купување на англискиот гигант.

Во еден момент беше доста неизвесно во трката за клубот од „Олд Трафорд“, се чинеше дека Ретклиф ќе ги купи, сепак азискиот газда минатата недела драстично ја зголеми понудата и очигледно победи. 

Ал-Ватан, медиум од Катар во сопственост на таткото на Јасим, во понеделникот вечерта објави дека преземањето на клубот од страна на шеикот Јасим било успешно и дека само се чека официјализирање на зделката.

Според информациите, шеикот Јасим платил пет милијарди за клубот од Манчестер и ќе ја преземе целосната контрола. 

Семејството Глејзер (Абрахам, Брајан, Дарси, Едвард, Џоел и Кевин) го води Манчестер Јунајтед од 2005 година, откако американскиот богаташ Малколм Глејзер ги купи сите акции на клубот. Јунајтед излезе на берзата во Њујорк во 2012 година, а потоа нејзиниот процент падна, но сега изгледа дека 100 отсто сопственоста ќе им биде пренесена на сопствениците на Катар.