Појасот Газа, област опустошена од насилство и сиромаштија

– Појасот Газа, сцена на нова војна со Израел, е палестинска енклава во рацете на исламистичкото движење Хамас, кое со децении се бори со насилство и сиромаштија. Се граничи со Израел на север и исток, со Средоземното Море на запад и со Египет на југ. Тоа е тесна територија од 360 квадратни километри, долга 41 километар и широка шест до 12 километри.

Таму живеат два милиони Палестинци, или речиси 6.000 жители на км/квадратни, што е една од најголемите густини на население во светот.

Во 20 век, Газа потпадна под египетска управа во 1948 година, набргу по прогласувањето на државата Израел. Територијата потоа беше окупирана од Израел по арапско-израелската војна во 1967 година.

На 12 септември 2005 година, Израел еднострано се повлече од Појасот Газа, каде што Хамас, исламистичко движење кое Израел и многу западни земји го сметаат за терористичка организација, дојде на власт две години подоцна. Во јуни 2006 година, Израел воведе копнена, воздушна и морска блокада на енклавата по киднапирањето на израелски војник кој беше ослободен во 2011 година.

Еврејската држава ја засили својата блокада во јуни 2007 година, кога Хамас ја собори палестинската управа на Махмуд Абас од Газа. Единствениот излез од Газа што не е под израелска контрола е граничниот премин Рафах со Египет.

Лишен од природни ресурси, Појасот Газа страда од хроничен недостиг на вода и гориво. Невработеноста погодува половина од населението, вклучувајќи три четвртини од младите луѓе. Повеќе од две третини од населението зависи од хуманитарна помош. Истиот дел живее под прагот на сиромаштија.

Од 2008 до 2021 година, израелската војска ја нападна Газа четирипати за да ги спречи нападите на Хамас врз Израел, да ја уништи инфраструктурата што се користи за тие напади и да ги убие неговите водачи. Нова војна избувна вчера по масовниот изненаден напад на Хамас врз Израел.