По грешка добил полни кутии со iPhone 15 Pro Max телефони и сега несака да ги враќа (ВИДЕО)

Се случуваат грешки, а оваа е навистина скапа

Сигурно до сега барем сте нарачале нешто да ви биде доставено на домашна адреса. Можеби не нешто повеќе од илјада евра, но барем нешто мало.

И како мислите дека се следат некои нарачки, како на пример како Apple ги следи нарачките на iPhone и се погрижува да бидат доставени до каде што треба да одат?

Затоа оваа приказна која се појави на социјалните мрежи е уште поинтересна. Еден tiktoker нарачал четири модели на iPhone 15 Pro Max , еден со 1TB меморија и три со 256GB простор.

И кога пристигна пакетот, го чекаше изненадување. Покрај еден телефон од 1 ТБ, тој доби уште три кутии со 60 уреди iPhone 15 Pro Max – сите исто така имаа простор за складирање од 1 TB.

Секој од 60-те телефони испорачани по случаен избор чини 1.599 долари, што значи дека вредноста на пратката е околу 96.000, а оригиналната нарачка чинела 3.600 долари.

@legends_gio

Someone reallyyy screwed up 😭 #fyp

♬ original sound – Legends_gio

Со оглед на тоа што телефоните се примени по грешка и не се платени, Apple сигурно ќе побара да се вратат, а во краен случај може да го блокира нивното работење.

Сепак, овој tiktoker тврди во едно од неговите подоцнежни видеа дека може да ги задржи, наведувајќи го, како што вели, закон кој вели дека е легално да се чуваат стоки што ви биле испратени што не сте ги нарачале.

Неговото видео собра повеќе од 12 милиони прегледи, а коментарите постојано се вртат.