Таткото на Ријана, Роналд Фенти, почина денес во Лос Анџелес. Таткото на музичката ѕвезда од Барбадос имал 70 години. Ријана денес го загуби својот татко.
Според „Старком Нетворк Њуз“, радио станица со седиште во родната земја на суперѕвездата, официјалната причина за смртта е непозната. Она што може да се слушне, сепак, е дека таткото на музичката ѕвезда починал по „кратка болест“.
Извори за радио станицата изјавија дека членовите на семејството се собрале во Калифорнија. Пејачката сè уште не се огласила по овој повод. Тажната вест дојде во време кога Ријана го очекува своето трето дете со своето долгогодишно момче.