По Леонардо ди Каприо, Џиџи Хадид во прегратките на Бредли Купер

Џиџи Хадид и Бредли Купер биле фотографирани како излегуваат заедно од ресторан во Њујорк, што предизвика гласини дека можеби се пар.

Тие сè уште не ги коментирале овие наводи. Џиџи исто така беше поврзувана со Леонардо ди Каприо, но и тие гласини никогаш не се потврдија. Американските медиуми неодамна објавија дека Леонардо ја нашол среќата со 25-годишната манекенка Викторија Черети.

Овој актер претходно беше во врска со Ирина Шајк. Неодамна и со неа беше повеќе пати фотографиран, поради што во медиумите се појавија шпекулирања дека можеби има нешто повеќе од пријателски однос помеѓу нив. Тие ја имаат петгодишната ќерка Леа Де Сејн и поради неа останаа во добри односи.

Извор за „Page Six“ открил дека Ирина сè уште има чувства кон Бредли Купер и се надева дека некогаш ќе се смират.