Еве како Аркан го добил прекарот: Гледавме воен филм… (фото/видео)

Жељко Ражнатовиќ, кој стана познат како Аркан, еднаш откри како го добил тој прекар.

Приказната за потеклото на прекарот Аркан ја открил во една од емисиите на покојниот Милован Илиќ Минимакс, во која често гостувал, особено со сопругата Светлана Ражнатовиќ – Цеца.

– Кога бев многу мал, гледавме воен филм во кој командант беше извесен Аркоманд. Бидејќи во тоа време веќе бев командант меѓу тие деца, ме викаа Аркан од Аркоманд. Така настана и остана тој прекарот – изјави Жељко.

Да потсетиме, Ражнатовиќ беше убиен на на 15 јануари 2000 година во хотелот Интерконтинентал.

Во хотелот дошол со сопругата Цеца и нејзината сестра Лидија, а бил застрелан додека седел во лобито на хотелот со пријателите.