Грабеж на векот: Мачка украла хамбургер од ресторан, видеото насмеа милиони

TikTok USER @veselrm објави видео од ресторан на својот профил што насмеа милиони. Виралното видео, објавено минатиот месец, го погледнале повеќе од седум милиони луѓе, кои оставиле над 900.000 коментари и пет илјади лајкови.

За време на вечерата во ресторан, корисникот забележал дека на масата до него мал крадец го извршува грабежот на векот. Штом гостите од спротивната маса си заминале од седиштата, мачката ја искористила приликата и украла голем хамбургер. Во продолжение погледнете го видеото од грабежот.

„Криминалец“, „Сакам независни мачки кои сами порачуваат храна во ресторан“, „Пикчан“, „Каков професионалец“, „Ништо не видов“, се само дел од коментарите под виралната објава.