ПО МАСК ЛИНДА НА ЧЕЛО НА ТВИТЕР! Промените на оваа социјална мрежа доаѓаат по големиот пад на приходите од реклами
Милијардерот Илон Маск ја назначи Линда Џакарино, поранешна шефица на маркетинг во NBC Universal , за нов извршен директор на Twitter!
Промените на оваа социјална мрежа доаѓаат поради големиот пад на приходите од реклами, како и зголемувањето на долгот.
– Возбуден сум што можам да ја пречекам Линда Џакарино како нов извршен директор на Твитер . Линда првенствено ќе се фокусира на деловните операции, додека јас ќе се фокусирам на дизајнот на производите и новата технологија – напиша Маск во пораката.
Маск стана извршен директор на социјалната мрежа популарна меѓу новинарите и познатите личности откако минатиот октомври го купи Твитер за 44 милијарди долари.
Откако дошол на чело на компанијата, тој во неколку наврати отпуштал повеќе од 70 отсто од вработените. Маск е сопственик на Tesla, која произведува електрични возила и SpaceX, која произведува вселенски летала.