По новиот земјотрес што во попладневните часови ја погоди турската област Малатија се спасени татко и ќерка, јавува Анадолу.
Земјотресот со јачина од 5,6 степени по Рихтер го погоди подрачјето Јесилјурт во Малатија во 12:04 часот по локално време.
Екипите на теренот работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.
Спасениот Азиз Деликташ и неговата ќерка Шејма се пренесени во болница.
Во куќата, која е оштетена во земјотресите од 6 февруари, влегле за да си ги соберат работите.
Еден од очевидците, Рузгар Мехмет Билиџи, за Анадолу изјави дека денеска се вратил од Анкара каде што бил по земјотресот што ја погоди областа на почетокот на месецот.
Како што рече тој, видел кога таткото и ќерката влегле во куќата.
„Им рековме да не влегуваат. Тоа траеше околу три секунди. Тогаш зградата наеднаш се урна“, објасни Билиџи.