По сочниот бакнеж на црвениот тепих сите зборуваат за девојката на ‘најубавиот маж во Холивуд’ – еве која е таа (фото)
Александра Грант (50 г.) и Кијану Ривс (58 г.) се појавија заедно во саботата на MOCA Gala 2023 во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес и секако – тие беа главната атракција на црвениот тепих, каде што спремно им позираа на новинарите.
Актерот кој со години го нарекуваат „најубавото и најзгодното момче на Холивуд“, ретко зборува за својот приватен живот, па не е ни чудо што секое негово појавување во јавноста со девојка се чека со големо нетрпение.
Нема премногу детали за нивната љубов, но познато е дека Грант и Ривс биле многу добри пријатели со години пред да ја започнат својата врска.
Александра е уметник и филантроп, родена во Охајо а живее во Лос Анџелес. По дипломирањето историја и студиска уметност на колеџот Свартмор во 1994 година, таа ги изложила своите скулптури, слики и цртежи низ целиот свет. А бидејќи актерот покрај глумата се занимава и со поезија, не е ни чудо што овие две уметнички души се поврзале на интимно ниво.
Александра пораснала во Мексико, Шпанија и Франција, а во 2008 година го основала филантропскиот проект „grantLOVE“, кој произведува и продава оригинални уметнички дела и публикации во корист на уметнички проекти и уметнички непрофитни организации.
Уметничката и актерот наводно се запознале во 2009 година, а прв пат соработувале во 2011 година на сликовницата за возрасни „Ода на среќата“. Книгата била успешна, што го поттикнало дуото да ја создаде својата втора заедничка книга „Сенки“ во 2016 година. Покрај тоа, Александра го фотографирала актерот додека тој го снимал култниот блокбастер „John Wick“.
Во 2017 година, парот ja основаше и заедничка издавачка куќа, X Artists’ Books, со фокус на „невообичаените соработки“ и книги за кои всушност е тешко да се дефинира жанр, пишува Daily Mail.
Пред да ја објават својата врска со светот, парот бил фотографиран заедно на ревијата на San Loren Mens во Малибу.
И иако очигледно сака да го држи својот приватен живот што е можно подалеку од очите на јавноста, актерот ја спомна својата партнерка во интервју за The People на почетокот на оваа година. Имено, кога од него било побарано да го опише „својот последен момент на блаженство“, тој одговорил:
„Тоа беше пред неколку дена со мојата сродна душа. Бевме во кревет. Бевме поврзани… Се смеевме и се кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше многу убаво што сме заедно“, изјавил тој.