ПО ТЕШКА НЕСРЕЌА ДЕТЕ БИЛО ЗАГЛАВЕНО ВО ВОЗИЛОТО ПОД ВОДА! Таткото стоел беспомошно и гледал, а потоа …

Момчето останало заробено на седиштето од автомобилот откако возилото паднало во канал по судир

Полицајците од Флорида го опишале олеснувањето откако се бореле да спасат тригодишно момче во несвест, кое три минути било заробено во автомобил под вода. Успеале да го спасат и оживеат.

Момче остана заробено на автомобилско седиште откако возилото паднало во канал по сообраќајна несреќа, според полицискиот оддел на државата Флорида.

И покрај големиот напор, таткото не успеал да го извади момчето од автомобилот, ниту со помош на сведок кој ја видел несреќата и се обидел да помогне. Таткото морал беспомошно да стои и да гледа додека полицијата се обидувала да го оживее неговиот син,  пишува Daily Mail . На видео камерата од несреќата, која се случи на 27 февруари, се гледа како полицајците брзаат во матната вода за да го ослободат момчето.

Полицаецот Емануел Волтон III го спасил момчето и го опишал моментот кога детето било вратено во живот.

-Како татко, ако слушнете дека дете е под вода во возило, а родителот не може да го извади, првата емоција што ќе ви кликне во главата е „Оди“ – рече тој.

Друг офицер, Јуниор Клервил, рече дека почнал да плаче кога го слушнал плачот на момчето.

– Тоа беше најдобриот плач што сум го слушнал во животот – додаде тој.

Волтон рекол дека не може да гледа низ водата, па се вратил неколку пати назад. Кога го почувствувал седиштето, го повлекол колку што можел бидејќи не можел да го најде појасот.

– За среќа, појасот пукна и го извлековме момчето од водата – опиша тој.

По вештачко дишење, момчето повторно почнало да дише, па било префрлено во болница на понатамошно лекување.