По трагичниот настан, познатиот бренд на чипсови е повлечен од пазарот

Производителот на зачинети грицки, Paqui, побара од трговците на мало во САД да престанат да продаваат чипс по трагичниот настан што се случи во Масачусетс.

За жал, 14-годишниот тинејџер Харис Волобах почина на 1 септември откако учествуваше во предизвикот познат како „One Chip Challenge“, откако го изеде најлутиот чипс на светот.

Овој предизвик вклучува обид да се издржи интензивната пикантност без конзумирање течности или храна што е можно подолго по консумирањето на овој огнен чипс со тортилја, како што објави Дејли Мејл, како што пренесува Business Journal.

Чипсовите One Chip Challenge се продаваат за приближно 10 долари и се спакувани во запечатена фолија торба, која потоа се става во картонска кутија во форма на ковчег.

На пакувањето јасно стои предупредувањето дека овие чипсови се наменети исклучиво за возрасни и треба да се чуваат подалеку од дофат на деца, како и дека обезбедуваат „одмаздливо задоволство од силна топлина и болка“.

Паки, која е подружница на компанијата Херши, изрази длабока тага и сочувство поради смртта на Волобах во изјава објавена на нејзината веб-страница.