По три години пронашла таен отвор во плакарот кој води до застрашувачкиот подрум: „Подобро ти е да се преселиш!“
Сопственичка на куќа од Калифорнија открила таен отвор што води до скриена соба во нејзиниот дом, откако живеела таму три години.
Џулија Хенинг на TikTok објасни дека чистела плакар кога забележала мала кружна дупка на подот зад која се криела врата.
Кога ја подигнала, видела повеќе нестабилни скали кои воделе во темен подземен простор.
Таа започнала да снима, а нејзиното прво видео кое го објави собра повеќе од 32 милиони прегледи.
Џулија открила и дека претходните сопственици при купувањето на куќата и рекле дека „малата куќа се открива себеси“, пишува Daily Mail.
Во едно од нејзините видеа на TikTok, Јулија исто така вели дека „се случуваа и други работи“ во текот на годините.
-Никогаш не мислев дека мислеле на скриена соба кога ми кажаа дека „куќата се открива“.
Откако наиде на капакот и ја отвори вратата, Јулија го повика снимател да и помогне, но таа не сакаше да се спушти по скалите. Снимателот, вели таа, почувствувал нешто кога влегол во куќата, но и рекол дека тоа не е нешто страшно или лошо.
-Не се чувствувував удобно да одам таму долу, вели Јулија.
Кога влегла во куќата почувствувала нешто, а истото го почувствувала и неколку дена пред да ја пронајде тајната врата. Куќата е дефинитивно населена, додава таа.
По неколку неуспешни обиди да собере храброст да истражува, Џулија конечно се охрабри и го сними секој чекор.
-И покрај моето огромно познавање на хорор филмовите, сега сум таа девојка која сама оди во непознат простор.
Откако се симнала по растурените дрвени скали, нашла две имиња испишани со спреј на ѕидот: Џо и Џон, со црн симбол под имињата.
Просторот изгледал како стара винарска визба со складиште, а исто така имало и мистериозна мала кука која висеела од таванот.
Пронашла и известување за дезинфекција на термити, како и проѕирна тегла во која имало коли-играчки, запалка, играчка, метален напрсток и многу други работи.
Уште кога се симна, Јулија рекла дека се случуваат чудни работи.
-Се заклучив во плакарот денот кога го открив отворот, да бев сама дома немаше да можам да излезам. Само смејте се, но навистина е чудно. Вратата не се затвора, околу три часот наутро симам чудни соништа… Вчера ме посети другарка ми, која откако замина не се чувствуваше баш добро.
Еден следбеник на TikTok ѝ рекол:
-Девојко, подобро пресели се.
Некои и напишаа дека нема потреба од драма и се обидоа да и објаснат дека тоа е винарска визба. Во зависност од староста на куќата, можеби служела за криење на алкохол за време на забраната.