По 11 години, Цукерберг направи твит „да се потсмева на Маск“

Мета во четвртокот лансираше сопствена апликација базирана на текст, Threads, со која има за цел да се натпреварува со платформата Твитер.

Шефот на Мета, Марк Цукеберг, кој нема направено ниту една објава на Твитер од 2012 година, денеска се огласи на социјалната мрежа за да направи епска објава, пренесува Телеграф.

Тој објави вирална слика од суперхеројот Спајдермен на Marvel Comics (слика што беше широко споделена како мем на социјалните мрежи).

Можеби, објавата е за сличноста што апликацијата Threads ја има со платформата Твитер и во форма за исмејување на сопственикот на Твитер, Илон Маск.

Платформата на Мета е исто така базирана на текст и може да им дозволи на корисниците да објавуваат до 500 знаци.

Threads исто така има сличен дизајн на Twitter.

Новинарот Мет Навара, еден од најпознатите експерти во индустријата за социјалните медиуми во светот, ја сподели објавата на Цукерберг на својот профил.

„Последната објава на Закерберг беше пред 11 години во 2012 година. Денес, тој повторно се огласи на Твитер за да го направи овој „твит““.