ПО 17 ГОДИНИ БРАК: Џесика Алба ги потврди гласините за развод: Ворен и јас започнуваме ново поглавје на развој како поединци
Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак.Наводите за нивниот развод се појавија пред седум дена, а Алба тоа го потврди и ги откри деталите во објава на социјалните мрежи.
„Со години сум на патот на себеоткривање и трансформација, како индивидуа и во партнерство со Кеш“, изјави таа.
Таа тврди дека е горда на начинот на кој таа и нејзиниот поранешен сопруг се развиле во нивниот брак.
„Сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Продолжуваме со љубов, љубезност и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме како семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и се молиме за примат во ова време“, напиша Алба.
Нејзиниот поранешен сопруг засега не го објавил разводот, а Алба и Ворен последен пат беа снимени заедно во ноември минатата година.
Тие се запознале на снимањето на „Fantastic Four“ во 2004 година, се вериле во декември 2007 година и се венчале на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика била бремена со нивната најстара ќерка.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).