ПО 2 ДЕНА ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО БЕЛГОРОД: Погледнете како Русите ја извлекоа ПЕКОЛНАТА БОМБА тешка 500 килограми кој падна врз населбата (ВИДЕО)
Драмата во Белгород заврши по речиси 48 часа!
Да потсетиме дека Су-34 на руските воздушни сили фрли две модифицирани воздушни бомби ФАБ-500 врз станбена зона во Белогород во четвртокот вечерта по полетувањето од аеродромот.
Едната веднаш удрила во земја и експлодирала, а при чистењето на теренот утринава пиротехничари откриле уште една која не детонирала.
Властите итно евакуираа околу 3.000 жители со автобуси од 17-те солитери околу местото каде што паднаа бомбите.
Драмата заврши во текот на попладневните часови.
На видеото се гледа дека бомбата тешка околу 500 килограми била извадена од земја и натоварена во кипер полн со песок, по што била префрлена на полигонот каде ќе биде уништена.
Експлозијата на воздушна бомба во Белгород, Русија, создаде кратер од 20 метри на една од раскрсниците во градот. За среќа, во инцидентот нема жртви, а оштетени се и неколку згради и автомобили.
Руски воени авиони редовно летаат над Белгород од почетокот на офанзивата на Москва против Украина во февруари 2022 година.