По 24 часа по трагедијата, градоначалникот на Кочани се крие од медиумите и сограѓаните

Речиси цел свет се огласи по повод страшната трагедија во Кочани каде при пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.

Сите светски медиуми пишуваа за настанот, се огласија шефовите на Европската комисија, Урсула фон дер Лејан, на НАТО Марк Руте, па дури и претседателот на земја која е во војна, Володимир Зеленски, но и по речиси 24 часа од несреќата градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се уште молчи.

Тој најави прес конференција, но подоцна се предомисли и се повлече.

Па оттука се поставува прашањето, зошто таткото на овој град се уште не излезе во јавноста, макар да упати сочувство и побрзо оздравување за своите повредени сограѓани, или можеби пријатели.