“Правев се што ќе ми кажеше! Ме искористуваше…“ – најпознатата актерка за возрасни си ја отвори душата и призна дека се срами од нејзината професија: “Го запознав на улица и веднаш му кажав – да“

Таа имала само 20 години кога ги направила првите експлицитни (голи) фотографии.

Либанско-американската порно-актерка Миа Калифа стекна светска популарност благодарение на индустријата за возрасни. Нејзините филмови имаат најмногу прегледи, додека нејзиното име и презиме сè уште се најпребарувани, а денес таа често зборува за мрачната страна на работата со која се соочила. Таа стана ѕвезда во индустријата за возрасни во 2014 година, но сега горко жали за таа одлука. Како што често кажува, кога би можела да го врати времето – никогаш не би се впуштила во тој тип на бизнис.

Зборувајќи за тоа како влегла во светот на филмовите за возрасни, Миа Калифа открива дека нејзиниот тогашен сопруг одиграл клучна улога во тоа. 

Се запознавме на улица, јас бев млада и неискусна во доцните тинејџерски години и влегов во врска со човек со кој не требаше да бидам од прво место во Лас Вегас, каде и што се венчавме“, изјавила еднаш Миа Калифа.

Бев млада, заљубена, не знаев како да се залагам за себе. Мојот поранешен сопруг го искористи тоа и го злоупотреби, бидејќи сфати дека може да манипулира со мене. Во исто време се обидуваше да ме задоволи, тоа беше совршена љубовна бура и направив се што ми кажуваше тој“, открила Миа Калифа.

Кога имала 20 години, еден маж ѝ пришол на улица и ѝ дал визит-картичка од студио каде се снимаат филмови за возрасни.

Мојот сопруг во тоа време беше професионален војник во американската Армија. Го прашав што да правам, а тој ме охрабри и кажа дека треба да ги исполнам моите фетиши. Тој практично го стави целиот свет на секс индустријата пред мене. Размислував некое време, но мојот сопруг инсистираше да ја прифатам понудата и практично бев принудена да влезам на работа“, открила Миа Калифа во едно неодамнешно интервју.

На врвот на нејзината слава, таа се разведе од сопругот затоа што не сакаше тој повеќе да ја искористува. „Кога ќе го погледнам тој дел од мојот живот од оваа перспектива, сфаќам дека тоа не беше љубов. Јас му бев само играчка, тој никогаш не ме сакаше“, признала таа.