ЗОШТО ТРЕБА ДА ИЗБЕРАТЕ СЕДИШТE НА ЛЕВАТА СТРАНА ОД АВИОНOT? Радченко тврди: „Сите патници ги бараат овие места поради ЕДНА работа“

Дали знаете зошто повеќе треба да седите на левата страна на авионот?

За оние кои претпочитаат да патуваат со авион , постојат различни совети и трикови – од кога е најдобро време за летање, кои се најбезбедните места , до зошто не треба да јадете храна во авионот .

Но, освен сето тоа, знаете ли зошто при „резервирање“ повеќе сакате да ги избирате седиштата од левата страна на авионот? Спиењето во авион може да биде прилично незгодно, особено кога се во прашање долгите летови, но идеалното седиште може многу да ви го олесни сонот.

Сопственикот на познатата страница за пребарување на летови, Антон Радченко, тврди дека седиштата на прозорецот се „најпосакувани“ и луѓето често ги резервираат бидејќи можат да се користат како потпирач за глава при спиење.

Но, важен е и изборот на страната – поточно левата ! Тој рече дека левата страна обично обезбедува повеќе простор на потпирачот за глава отколку десната поради локацијата на прозорецот, па насочете се кон левата страна.

Други експерти го поддржаа ова, велејќи и дека седиштата обично се поместуваат од центарот налево поради вратите на авионот напред. Исто така, прозорските седишта се одлични за спиење бидејќи патниците нема да мора да ве будат и да ве преместуваат да одите во тоалет. Сега знаете што да правите кога купувате авионски билет…